Лукашенко на собир по повод одбележувањето на Денот на независноста кажа дека во Белорусија се откриени бунтовнички групи кои планирале, како што кажа, да извршат пуч, пренесе државната новинска агенција Бета.
„Огромно количество оружје доаѓа од Украина во Белорусија. Затоа им наредив на гранично-безбедносните сили целосно да ја затворат границата со Украина“, кажа Лукашенко.
Белорусија во последните недели се најде на мета на критики на дел од меѓународната јавност (главно од западните држави) откако во Минск под закана со воен авион беше принудно приземјен патнички авион на компанијата Рајанер, во кој се наоѓаше Роман Проташевич, новинар и блогер, кој потоа беше уапсен.
Тоа иницираше реакција на Обединетите нации, Европската Унија и Соединетите Држави, меѓу кои истрага и економски санкции.






