Осум мажи вооружени со пушки и пиштоли излегле од возилото кога ги сопрела патрола.
Тврделе дека припаѓаат на група која „не ги признава американските закони“ и потоа заминале во шума.
Полицијата наведе дека тие луѓе „одбиле да ја послушаат наредбата да се претстават и да го положат оружјето“.
Двајца осомничени биле уапсени нешто подоцна додека по останатите се трага.
Патот на кој се случил инцидентот е затворен а жителите на околните места добиле препорака да се заклучат и да не излегуваат од домовите.
[video:https://youtu.be/PP7IDHw0ldk autoplay:0]





