недела, 19 април 2026

Литванија прогласи вонредна состојба поради прилив на нелегални емигранти од Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите кажа дека таа мерка не е воведена од безбедносни причини туку за поефикасно да се управува со миграциите.

„Важно е да се има правен систем и инструменти за побрзо да донесете одлуки како одговор на новите предизвици“, кажа таа.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека земјата ќе ги намали граничните контроли за емигрантите без документи, како одговор на санкциите кои на Белорусија ѝ ги воведе Европската Унија.

ЕУ ѝ воведе дополнителни санкции на Белорусија откако тамошните власти уапсија опозициски активист во Минск, каде беше принудно приземјен авион на Рајанер поради дојава за бомба.

Литванската влада воведе вонредна состојба откако литванско-белоруската граница во последните денови нелегално ја минале повеќе од 150 емигранти.

Бројот на емигранти кои се задржани на границата е три пати поголем од претходно, соопштија литванските власти.

На снимките од надзорните камери на границата се гледа како луѓето ја прескокнуваат оградата и ја претрчуваат границата.

Повеќето од тие емигранти и претходно барале азил во Литванија, а меѓу нив има Авганистанци, Камерунци, Ирачани и Сиријци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ