недела, 19 април 2026

Израелски товарен брод нападнат со „непознато оружје“, се запалил во Индискиот Океан

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата за нападот ја пренесе либанската телевизија Мајадин повикувајќи се на „сигурни извори“ за кои е кажано дека се запознаени со ситуацијата, пренесува Раша тудеј.

Изворите кажале дека на бродот избил пожар и дека комерцијалниот брод „го погодило непознато оружје“ во Индискиот Океан. Ниедна група не ја презеде одговорноста за инцидентот.

Изворите навестиле и дека бродот бил нападнат додека се движел од пристаништето во Џеда во Саудиска Арабија кон брегот на ОАЕ.

Соработник на порталот Аксиос од Тел Авив Барак Равид известил дека висок израелски функционер му потврдил дека бродот е сопственост на израелски бизнисмен. Не е јасно што правел израелскиот брод во саудиското пристаниште. Двете држави немаат формални дипломатски односи, а Ријад одби потпишување договор со Тел Авив, доколку Израел не се сложи со предлогот за создавање палестинска држава од 2002 година.

Бродот е сопственост на израелскиот бродосопственик Ејал Офер, јавуваат израелски медиуми. Бродот е идентификуван како Тиндал, а пловел под знамето на Либерија. Екипажот на бродот не бил израелски.

Инцидентот се случува среде долготрајните регионални тензии меѓу Иран и Израел, и напади и обиди за заемно саботирање на комерцијалното бродарство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ