недела, 19 април 2026

„Идиотски“: Бес во Украина откако жените-војници натерани да маршираат со штикли

Објавено на

часот

Сподели

Ирина Герашченко, опозиционерка во парламентот, рече дека тоа е сексизам, а не еднаквост и се праша зошто Министерството за одбрана смета дека чевлите со високи потпетици се поважни од дизајнирањето заштитни делови од воените униформи и обувки по мера на жените.

Украина се подготвува за воена парада на 24 август по повод 30 години независност од распадот на Советскиот Сојуз.

„Денес, за прв пат, обуката се одвива во чевли со потпетици“, беше цитирана кадетката Ивана Медвид од информативната страница на Министерството за одбрана Армијаинформ.

„Тоа е малку потешко отколку во војнички чизми, но се трудиме“, додаде Медвид во коментарите објавени во четвртокот.

Министерството за одбрана тврди дека обувките се дел од пропишаната униформа.

Многумина во Украина се шокирани од планот, а група пратеници го повикаа министерот за одбрана Андриј Таран да се извини.

„Приказната за парада во потпетици е вистинска срамота“, објави коментаторот Витали Портников на Фејсбук, тврдејќи дека некои официјални лица имаат „средновековен“ начин на размислување.

Неколку украински пратеници блиски до поранешниот претседател Петро Порошенко се појавија во парламентот со штикли и го охрабруваа министерот за одбрана да носи високи потпетици на парадата.

„Тешко е да се замисли поидиотска, штетна идеја“, рече Ина Совсун, член на партијата Голос, посочувајќи на здравствените ризици.

Таа исто така рече дека жените-војници на Украина – како и мажите – ги ризикуваат своите животи и „не заслужуваат да бидат исмевани“.

Повеќе од 31.000 жени служат во украинските вооружени сили, вклучувајќи и над 4.000 офицерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ