сабота, 18 април 2026

60 илјади мажи ги тужеа Американските извидници за злоставување, ќе добијат милионски отштети

Објавено на

часот

Сподели

Вчера пред американскиот стечаен суд во Делавер БСА соопшти дека спогодбата со Коалицијата на злоставувани извидници за правда и две други групи покрива барања на околу 60.000 извидници кои претрпеле злоставување.

Наведено е дека договорот пружа рамка за глобално решавање на барањата за злоставување и би можел да се спроведе „на крајот на оваа година“ во рамки на законскиот акт за стечај со реорганизација.

„Договорот со овие групи претставува значителна пресвртница затоа што БСА дејствува според нашите двојни императиви правично да ги обештети оние кои претрпеле злоставување и да ја зачува извидничката мисија“, се наведува во соопштението на непрофитната организација основана пред 111 години.

Групите одвоено го нарекоа договорот „значајно достигнување со кое се постигнува консензус“ меѓу повеќето поднесувачи на барања, извидниците и повеќе од 250 месни одбори.

Договорот склучен вчера мора да го одобри судот и би можел да се соочи со противење на осигурителните компании кои ќе треба да ги исплатат парите.

Основани во 1910 година, американските извидници во февруари 2020 поднесоа барање за стечај со реорганизација врз основа на Поглавјето 11, откако беа поднесени стотици тужби за сексуално малтретирање.

Тужбите беа поднесени откако неколку американски држави, вклучувајќи ја Њујорк, почнаа да им дозволуваат на луѓето да поднесуваат тужби за наводните сексуални злоставувања кои се случиле пред децении.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ