недела, 12 мај 2024

Рисицата Атиџе се врати во НП Маврово (ВИДЕО)

Македонското еколошко друштво објави видео во кое се гледа дека рисицата Атиџе сè уште талка во шумите на Националниот парк Маврово. Таа беше заловена и обележана со околувратник од членовите на МЕД пред четири години.

Објавено на

часот

Сподели

Од МЕД велат дека видеото е ретка можност на која „рисаџиите“ може да засведочат.

Рисицата Атиџе од страна на Македонското еколошко друштво беше означена близу селото Ничпур, во НП Маврово. Атиџе тогаш беше тешка 14,5 килограми, а стара околу 10 години. Околувратникот, како и сите обележани рисови, испраќа локации за своето движење.
Претходно, од МЕД со НП Маврово, со помош на кафез-замка заловија нова единка балкански рис на планината Бистра, во близина на селото Ростуше.

Тоа беше деветта различна единка рис заловена во рамки на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.

Според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), рисот е животно со критично загрозен статус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ