сабота, 27 јули 2024

Шпанска Ибериа заинтересирана да отвори лет Мадрид-Скопје

Прв чартер лет на шпанската национална авиокомпанија Ибериа, од Мадрид, вчера попладне слета на Меѓународниот Аеродром Скопје и донесе 120 шпански туристи во Македонија, вклучувајќи и шпански блогери, кои ќе ја истражуваат земјава во следните неколку дена, објави денеска на својата фејсбук страница операторот на аеродромите во државава ТАВ Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој лет е резултат на соработката на домашниот тур-оператор Балкан прајм турс и шпанскиот тур-оператор Сама травел. Станува збор за пробен лет, кој е плод на иницијативата и активностите на ТАВ Македонија и македонскиот тур-оператор Балкан прајм турс во изминатите неколку години, со цел отворање директни летови до Шпанија. Со овој лет на Ибериа, шпанските туристи ќе ја запознаат Македонија како туристичка дестинација, со цел да се создаде побарувачка за авионско поврзување меѓу Скопје и Мадрид и од страната на Шпанците, а врз основа на тоа авиокомпанијата Ибериа следната година да отвори сезонски летови до шпанската престолнина“, појаснуваат од ТАВ во објавата.

За пристигнувањето на шпанските туристи и блогери и првиот чартер лет во соопштение информира и македонскиот дојдовен тур-оператор Балкан прајм турс.

„Ова е резултат на активностите на Балкан прајм турс во изминатите неколку години, на контакти со нашите колеги во Шпанија, со што се надеваме дека ќе ја направиме Македонија атрактивна дестинација за шпанските туристи, и дека тие во иднина ќе доаѓаат во што поголем број“, вели во пишана изјава Влатко Сулев оперативен директор на Балкан прајм турс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ