сабота, 27 јули 2024

ЕУ очекува Сиљановска Давкова да го продолжи европскиот пат на Македонија

Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата. Честитка до Давкова за изборот денеска упати и Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан, соопштија од Британска Амбасада во Македонија.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Честитки Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас“, наведе Фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа Икс.

Честитки, како што наведе, до новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, преку платформата Икс упати и Мишел.

„Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Северна Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ“, наведе Мишел во објавата.

Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.

Честитка до Давкова за изборот денеска упати и Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан, соопштија од Британска Амбасада во Македонија.

„Честитки до Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Северна Македонија. Обединетото Кралство очекува зајакнување на долгогодишното партнерство помеѓу нашите земји, унапредување на трговските односи и проширување на заедничката посветеност на безбедноста и соработката во рамките на колективната одбрана како дел од НАТО“, се вели во честитката од Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ