сабота, 27 јули 2024

Двајца туристи се спасени откако излетале во провалија на Шапка

Две лица со четвороцикл попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачилото Лешница во провалија, при што се здобиле со повреди,  а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата била пријавена нешто по 16 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачилото Лешница, две лица со четвороцикл излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со уште еден четвороцикл, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакнуваат дека веднаш биле извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.

„Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница“, се наведува во информацијата од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ