сабота, 27 јули 2024

САД: Израел нема убедлив план за заштита на цивилите во Рафа

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ја бранеше одлуката за одложување на испораката на 3.500 бомби во Израел поради загриженоста дека тие ќе бидат искористени во напад на градот Рафа во јужна Газа, велејќи дека Израел нема „убедлив план“ за заштита на 1,4 милиони цивили кои се засолниле таму.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи во емисија на Еј-би-си њуз, Блинкен рече дека Џо Бајден останува посветен да му помогне на Израел да се одбрани и дека испораката на 3.500 бомби со тежина од 900 и 230 килограми е единствениот американски пакет со оружје што е задржан.

Тоа би можело да се промени, продолжи тој, ако Израел изврши сеопфатен напад врз Рафа, со кој Израел вели дека планира да ги искорени борците од милитантната група Хамас.

Бајден јасно стави до знаење дека ако Израел „започне голема операција во Рафа, тогаш постојат одредени системи што нема да ги поддржиме и да ги испорачаме за таа операција“, рече Блинкен.

„Навистина сме загрижени за начинот на кој тие се користат“, продолжи тој. Израел мора да „има јасен, убедлив план за заштита на цивилите, што сè уште не сме го виделе“.

Рафа е дом на 1,4 милиони Палестинци, од кои многумина се раселени од другите делови на Газа бегајќи од борбите и израелските бомбардирања, во екот на сериозен недостиг на храна и вода.

Најмалку 35.000 Палестинци се убиени во израелската воена операција во Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ