сабота, 27 јули 2024
ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Македонија е најдобра кога е најпотребно, победа над Фарски Острови за пласман на СП

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра на ново Светско првенство откако момците на Кире Лазаров вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ одиграа фантастичен натпревар, ја победија селекцијата на Фарски Острови со 34-26 со што ја анулираа негативата од седум разлика од првиот меч и направија голем успех.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го продолжува континуитетот на настапи на големите натпреварувања, во јануари ќе играме на Светското првенство кое ќе се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија го загуби првиот меч против Фарски Острови со седум голови разлика, но денеска во Скопје нашите ракометари одиграа моќен натпревар, беа извонредни, победија со осум погодоци и ја остварија тешката мисија.

Нашата репрезентација речиси и да немаше пад на натпреварот, игравме фокусирано во текот на целиот меч, без многу загубени топки, со ефикасен напад, проработе и одбраната и сето тоа на крајот ни донесе успех.

Големата негатива од седум разлика почнавме да ја намалуваме полека со самиот старт на мечот, постојано имавме предност и постепено ја зголемувавме, на одморот заминавме со позитива од четири разлика, беше 19-15.

Во вториот дел продолживме во исто темпо, ја зголемувавме предноста, неколкупати имавме и девет голови разлика, на крајот славевме со 34-26 и радоста можеше да почне.

Пешевски со осум голови беше најдобар стрелец во нашата репрезентација, одличен беше Кузмановски со седум, Митев реализираше шест пати, а Серафимов даде пет погодоци. Во составот на Фарски Острови, Елефсен постигна осум голови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ