сабота, 27 јули 2024

Украина гранатираше станбена зграда во руски Белгород, има загинати (ВИДЕО)

Во украинското гранатирање на рускиот пограничен град Белгород, погодена е станбена зграда, која се урна и има жртви, соопштија локалните власти.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку седум лица загинаа, 15 се повредени при уривање на зграда поради украински ракетен напад во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина, пренесуваат руските медиуми.

Руски извори тврдат дека станува збор за украински одмазднички напад за ненадејната офанзива на север во регионот Харков во Украина.

Рускиот истражен комитет соопшти дека зградата од 10 ката била погодена од украинско гранатирање. Во соопштението се наведува дека меѓу урнатините има загинати и повредени, но не се соопштуваат повеќе детали.

Во неделата наутро беа издадени предупредувања за воздушни напади низ регионот на Белгород. Градот Белгород исто така беше под оган во саботата вечерта, при што загина едно лице, 29 беа повредени, изјави локалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Градовите низ западна Русија се под редовни напади со беспилотни летала од мај 2023 година, при што руските власти ја обвинија Украина, чии официјални лица никогаш не ја признаа одговорноста за нападите на руска територија или на полуостровот Крим.

Регионот Белгород, во близина на границата на Русија и Украина, од почетокот на војната е цел на голем број напади, целите беа претежно во руралните средини, но имаше напади и врз главниот град на регионот – Белгород.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ