сабота, 27 јули 2024

ЕУ жали што Сиљановска Давкова при заклетвата го употреби името Македонија

Европската унија изразува жалење поради фактот што новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија на давање заклетва, соопшти Службата за надворешни работи на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција“, се наведува во соопштението од ЕУ.

Претходно, и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку социјалната мрежа Х порача дека Македонија треба да продолжи со пристапувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.

„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Урсула фон дер Лајен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ