петок, 26 јули 2024

Концерт на Мизар како најава на почеток на ново откровение

Мизар и хорот Хармосини вечерва во Македонска филхармонија ќе го одржат концертот „Гласови”. На сцената ќе бидат придружувани од десетина врвни инструменталисти – група на фри џез музичари и класично-гудачка секција.

Објавено на

часот

Сподели

Концертот со ваков концепт се одржува прв пат, а најавен е како своевиден спектакл кој ќе понуди незаборавно, сосема поинакво доживување – добра музика, одлична атмосфера и моменти за историја. Публиката ќе има можност да ги слушне„Бело море“, „Константинопол“, „Златно сонце“, „Градот е нем“, „Амфилохиј“, „1762“, „Глас“, „Ходен Же“,…

Ансамблот кој стои зад „Гласови“ брои 17 члена. Во него, покрај Мизар (Горазд Чаповски и Илија Стојановски) и Хармосини, вклучен е и оркестар предводен од аранжерот и диригент Дени Омерагиќ. Оркестарот го сочинуваат Драган Теодосиев и Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет и саксофон), Благојче Томевски (кларинет и бас кларинет), како и петчлената гудачка секција, Глигор Кондовски, Тони Арслан, Сања Смилевска, Фиола Исмаили и Марко Крстевски.

Според фронтменот на Мизар, Горазд Чаповски, ова ќе биде почеток на ново откровение.

„Мизар не е само музика. Мизар е повеќе од обичен рок-бенд. Мизар е борба, пркос. Мизар е еден од бедемите на македонската музика, култура и национален идентитет“, велат организаторите на концертот.

Чаповски во четвртокот, на прес-конференцијата по повод „Гласови“, најави нов материјал кој, како што рече, може да се очекува наскоро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ