сабота, 27 јули 2024

Ердоган остар кон Нетанјаху: Хитлер би бил љубоморен

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху достигнал ниво со геноцидни методи што дури и Хитлер би го направиле љубоморен.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Дали е можно да се набљудува она што Израел го прави со луѓето во Газа со месеци и да се види дека е легитимно Израел да бомбардира болници, да убива деца, да ги угнетува цивилите и да ги осудува невините луѓе на глад, жед и недостаток на лекови под различни изговори. Што правеше Хитлер во минатото? Угнетуваше и убиваше луѓе во концентрационите логори“, изјави Ердоган во интервју за грчкиот весник Катимерини, пренесе Анадолија.

Тој се запраша дали Газа не е претворена во затвор на отворено, не само по 7 октомври, туку и со години пред тоа?

„Зарем луѓето таму со години не беа осудени на ограничени ресурси, речиси како во концентрационен логор? Кој е одговорен за најбруталните и систематски масовни убиства во Газа по 7 октомври?

Според Ердоган, Нетанјаху достигнал ниво што би го направило Хитлер љубоморен на неговите геноцидни методи.

„Зборуваме за тој Израел кој пука во амбулантни возила, цели кон местата за дистрибуција на храна и отвори оган врз конвоите со помош“, рече тој.

Претседателот на Турција изјави дека се прекршени правата и слободите на жителите на Газа, особено правото на живот.

„Ние ги браниме нивните права. Ние го браниме мирот. Израел, од друга страна, продолжува несовесно да ги крши резолуциите на ОН, меѓународното право и човековите права“, нагласи тој.

Ердоган рече дека палестинскиот отпор нема да биде неопходен доколку постоеше „суверена, независна, географски интегрирана држава Палестина, во границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град“.

„Хамас, исто така, најави дека ако тоа се случи, ќе го распушти своето вооружено крило и ќе продолжи да работи како политичка партија. Решението со две држави е ефикасен начин да се обезбеди траен и одржлив мир“, рече Ердоган, додавајќи дека палестинската група се согласи на договор за прекин на огнот, но Израел „не сака“ примирје бидејќи сака да ја „окупира цела Газа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ