вторник, 28 мај 2024
Македонија стигна до огромна победа над Фарски Острови

Лазаров: Го одигравме најдобриот натпревар, ова е еден од најсреќните денови во мојот живот

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров им се заблагодари на сите кои верувале во успех откако вечерва „црвено-жолтите“ одиграа неверојатен натпревар, го добија реваншот против Фарски Острви со 34-26 и се пласираа на Светско првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ризикуваше да остане без настап на СП 2025 откако загуби со седум гола на гостувањето во Фарски Острови, но вечерва момците на Кирил Лазаров одиграа меч за паметење и триумфираа со +8 (34-26).

„Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа дека овие момци можат да направат подвиг. Благодарение на публиката која и покрај лошиот резултат дојде да не поддржи“ – рече селекторот на Македонија по големата победа.

„Можам да кажам дека го одигравме најдобриот натпревар, со целосна контрола на играта, без судиска поддршка“.

„Добивме една квалитетна репрезентација за која кажав во повеќе наврати дека е добра, многумина ми ја сфаќаа изјавата како алиби за евентуален неуспех. Може да бидам слаб и да изгубам, но тоа да го поднесам стоејќи, па да тргнам и да продолжам понатаму. Се вративме од многу лош резултат, прифаќам дека бевме слаби, но имаше и други фактори кои придонесоа да бидеме уште послаби“.

„Ова е голема работа за македонскиот ракомент, затоа што ќе биде првпат оваа нова генерација без старите играчи преку бараж да се пласира на Светско првенство. Едно е квалификации, друго е бараж. Горд сум на моите ракометари, сменивме многу работи. Таков е нашиот менталитет, не знаеме да почитуваме како Македонци, меѓутоа имаме големо срце“.

„Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот и со мојата Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ