сабота, 27 јули 2024

Хамас има порака за Бајден

Изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека е можен прекин на огнот во Појасот Газа доколку Хамас ги ослободи заложниците претставува чекор назад во преговорите, соопшти денеска палестинската милитантна група.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека Хамас ја осудува изјавата на Бајден и оценува дека таа претставува чекор наназад во однос на резултатите од последната рунда преговори што доведоа до согласност на палестинската група со предлогот на посредникот за прекин на огнот, пренесува Тајмс оф Израел.

Хамас тврди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „побрзал да ја прекине“ последната рунда преговори со започнување на офанзива во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Бајден во саботата изјави дека Израел рекол дека е на Хамас да ги ослободи заложниците и дека ако го направи тоа, примирјето ќе започне веднаш.

Последната рунда индиректни разговори меѓу Израел и Хамас, со посредство на САД, Египет и Катар, што се одржа во Каиро оваа недела, пропадна откако Хамас соопшти дека нема намера да се откаже од предлогот, кој Израел веќе го отфрли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ