вторник, 24 септември 2024

Протестираат транспортери кои возеа за поранешно ФЕНИ, бараат над 2 милиони евра

Со камиони на протест во центарот на Кавадарци денеска дојдоа транспортерите кои возеа за поранешно ФЕНИ. Тие бараат исплата на 2,1 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Трајче Пеовски, претседател на Здружението „Киперски транспортери“ – Кавадарци вели дека причината за овој мирен протест е наплатата на нивните побарувања по основ на извршен превоз кон Еуроникел индустри во стечај, како и директното влијание на банката во стечајната постапка.

„Ни беше ветено дека ќе се изнајде решение за решавање на проблемо, но до ден денес нема ништо од тоа. Преку протестот изразуваме незадоволство и ги бараме парите, нагласи Пеовски.

Тој подвлече дека бараат средба со надлежните во државата.

„Ние нема тука да застанеме, туку ќе ги радикализираме нашите протести на повеќе локации во градот и државата до остварување на нашите барања“, истакна Пеовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ