петок, 11 октомври 2024

Порше патентираше нов мотор – наместо четири има шест такта

Четиритактниот мотор јасен редослед на настаните: усисен, компресиски, погонски и издувен такт. Порше отиде чекор понатаму.

Објавено на

часот

Сподели

Во усисниот такт воздухот и горивото влегуваат во цилиндарот. Компресија е кога клипот ја турка таа смеса на врвот на цилиндарот. Смесата се пали, туркајќи го клипот назад. Издувот е последниот чекор, и тука се истиснува преостанатиот гас од цилиндарот.

Дизајнерите на Порше сметаат дека во овој процес може да додадат уште по еден такт на компресија и сила. Документите предадени на американската канцеларија за патенти и заштитни знаци тоа јасно го опишуваат како шест поединечни такта кои може да се поделат во две секвенци од по три потези.

Дополнителните чекори ќе се случуваат меѓу традиционалните погонски и издувен такт. Првиот редослед би бил усис-компресија сила, по што следи компресија-сила-издув.

За тоа да се постигне, Порше прикажа коленесто вратило кое се врти на прстен со два концентрични круга. Ова ја менува централната точка на ротација, снижувајќи го одот на клипот (долна мртва точка) за дополнителните тактови.

Тоа, за возврат, ја менува компресијата, бидејќи клипот не патува толку нагоре по цилиндарот, што значи дека и овој мотор има две горни и долна мртва точка.

Овој дизајн има потенцијал да генерира повеќе енергија со подобра ефикасност, пренесува Мотор1. Во типичен мотор само еден од четирите такта всушност создава сила, додека тука има променета формула и потемелно согорување.

Нормално, недостиг е дополнителната сложеност на дизајнот и прашање е дали ова решение ќе заживее. Но, во секој случај, идејата е интересна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ