Во оваа прилика Зеленски повторно ги повика Вашингтон и другите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина бидејќи, како што рече првиот човек на Украина, „само силна позиција на Украина може да го поттикне рускиот претседател Путин да ја прекине војната“.
Зеленски од недела е во Соединетите Американски Држави каде ќе учествува на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации. Украинскиот претседател ќе ја искористи оваа прилика за бројни средби со светските лидери, а ќе разговара и со актуелните американски кандидати за нов претседател Камала Харис и Доналд Трамп.
„Уште еднаш ги повикувам сите наши сојузници да ни помогнат да постигнеме заедничка победа за вистински праведен мир“, рече Зеленски, мислејќи на операцијата Курск.
„Путин многу се плаши од таа операција бидејќи неговите луѓе од неа видоа дека не можат да ја бранат целата своја територија“, заклучи Зеленски.