Во последнито натпревар во 9. коло во најсилното првенство на Србија, Црвена звезда ја доби пресметката со Партизан.
Актуелниот шампион, со помош на хет-трикот на Ндиаје стигна до историска победа од 0-4, односно најголемиот триумф на гостувањата во „Хумска“.
Домашните навивачи тешко го поднесоа поразот, па по последниот свиреж на судијата, оние најжестоките ја искршиле соблекувалната.
Во инцидентот настрадале неколку играчи и тренерот Александар Станојевиќ, кој на пресот се појави со фластер над окото и преку носот.