На средбата било истакнато дека банкарскиот сектор кај нас е регулиран во согласност со највисоките стандарди во ЕУ, како што покажуваат и оцените на Европската комисија за високата усогласеност на банкарската регулатива и супервизорската рамка со стандардите во ЕУ.
2Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување, а стапката на адекватност на капиталот достигна ниво од 19 % на крајот на првото полугодие од 2024 година, коешто е највисоко од 2006 година наваму. Повисоките показатели за солвентноста во голема мера произлегуваат од повисоките регулаторни и супервизорски барања во врска со капиталот на банките, што пред сѐ е поврзано со заштитните слоеви на капиталот и капиталниот додаток утврден врз основа на супервизорска оцена. Имајќи предвид дека Народната банка во неколку наврати ги зголеми барањата за капитал во врска со противцикличниот заштитен слој на капиталот, коишто ќе започнат со примена во наредниот период, се очекува дека солвентноста на банкарскиот систем и натаму ќе се подобрува#, се вели во денешното соопштение од Народната банка.
На средбата станало збор и за Законот за решавање банки, со кој на Народната банка ѝ се доверува вршење активности за справување со проблемите во работењето на банки, односно подготвителни активности, започнување на постапката на справување со проблемите во работењето на банки и примена на инструментите и овластувањата за справување со проблемите во работењето на банка. Од Банката велат дека во тек е изработка на подзаконската регулатива за примена на Законот.