среда, 9 октомври 2024

УЕФА си ја призна големата грешка од ЕП и го смени правилото за пенал

Европската фудбалска федерација си ја призна грешката која крена сериозна прашина на Европското првенство во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Се работеше за недосуден пенал за репрезентацијата на Германија во продолженијата од четвртфиналето против Шпанија при резултат 1-1. Тогаш по удар на Мусиала со рака играше Марк Кукуреља, сепак судијата Ентони Тејлор и неговите соработници во ВАР собата не се огласија. Тоа ги разлути Германците и предизвика бројни критики.

Сега УЕФА го модифицира правилото за игра со рака, поточно го враќа во формата која што беше пред неколку години. Отсега секоја игра со рака (освен кога раката е прилепена до телото) при шут кон голот – е пенал!

„Според новите насоки на УЕФА, контакт на топка со рака при удар кон голот треба да се казнува со пенал, освен ако ракатат на дефанзивецот не е преблизу или прилепена до телото. Во случај како на ЕП во мечот меѓу Германија и Шпанија, шпанскиот играч го запре шутот, а раката не му беше близу до телото“, соопштија од Судиската комисија при УЕФА.

Овие ревизии и константни модифицирања на правилата во прв план прават конфузија и недоразбирања на натпреварите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ