вторник, 15 октомври 2024

МЗТ Скопје цели кон враќање во АБА и одбрана на трите домашни трофеи

Во пресрет на почетокот од новата кошаркарска сезона, МЗТ Скопје ги соопшти целите кои се високи.

Објавено на

часот

Сподели

Утре со почеток од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје игра против Теодо во прв меч од новата сезона од АБА2 лигата, а во сабота на програмата е Суперкупот против Пелистер.

„Зад нас е мирно лето, во кое си ги исполнивме сите желби околу играчкиот кадар. Амбициите на клубот се исти како и секоја година, со тоа што оваа сезона ќе дадеме поголем фокус на враќањето во АБА лигата. На домашна есцена, пак, сме главен претендент за освојување на сите трофеи. Како клуб доволен мотив и показател дека сме во правилна насока ни е продолжувањето на соработката со сите наши помагатели од претходната година“, изјави извршниот директор Филип Ѓоревски.

Слично размислува и тренерот Васко Атанасов.

„Зад нас е еден добар преоден рок во кој го задржавме костурот на тимот и додадовме добри кошаркари кои ќе ни бидат од голема помош. Како тренер ми беа исполнети сите мои барања за играчкиот кадар. Нашата цел е да ги одбраниме трите трофеи во макбаскетот, но и да го нападнеме четвртиот и да се вратиме во АБА со што верувам би ги задоволиле сите наши навивачи“, изјави Атанасов.

Капитен на екипата и оваа сезона е Дамјан Стојановски.

„Сакам да изразам благодарност што и оваа сезона ќе ја почнам како капитен на МЗТ Скопје. Имавме добар подготвителен период, одигравме доволен број на натпревари и подготвени го дочекуваме стартот на обврските во АБА2. Мислам дека оваа екипа има квалитет за влез во јадранската елита, но мораме да одиме чекор по чекор и со помош на нашите навивачи да го вратиме МЗТ каде што му е местото“, изјави Стојановски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ