Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска Дракулевска која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата „Врне ли врне“…
Стилската разиграност на поетскиот дискурс на Лазаров, пишува Капушевска-Дракулевска, во интеракција со шареноликиот тематски потход, одат во прилог на космополитизмот на книгата. Поетскиот немир не е никогаш само и единствено личен, колку и да тргнува од индивидуалното искуство, а поетскиот глас е глас на целото, наведува „Матица“ во соопштението.
Асоцијативноста на лириката на Лазаров, заклучува Капушевска-Дракулевска, нуди бескрајни можности и начини на „римувања“.