четврток, 10 октомври 2024

Концерт на Македонската филхармонија во Дубровник

Македонската филхармонија в четврток (26 септември) ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на Кнежев двор.

Објавено на

часот

Сподели

Солистка на концертот ќе биде  хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а оркестарот ќе го води диригентот  Бојан Цанев.

На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровничка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

„Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програмата на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам“, соопшти Филхармонијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ