Трајче Пеовски, претседател на Здружението „Киперски транспортери“ – Кавадарци вели дека причината за овој мирен протест е наплатата на нивните побарувања по основ на извршен превоз кон Еуроникел индустри во стечај, како и директното влијание на банката во стечајната постапка.
„Ни беше ветено дека ќе се изнајде решение за решавање на проблемо, но до ден денес нема ништо од тоа. Преку протестот изразуваме незадоволство и ги бараме парите, нагласи Пеовски.
Тој подвлече дека бараат средба со надлежните во државата.
„Ние нема тука да застанеме, туку ќе ги радикализираме нашите протести на повеќе локации во градот и државата до остварување на нашите барања“, истакна Пеовски.