четврток, 10 октомври 2024

Парични казни за ТФТ и Чаир, како и за учесниците во тепачката на „Кале“

Кошаркарската федерација на Македонија експресно реагираше и ги казни учесниците во ужасниот инцидент на пријателскиот натпревар помеѓу ТФТ и Чаир 2030.

Објавено на

часот

Сподели

Контролната средба помеѓу ТФТ и Чари 2030 во „Кале“ не го доживеа крајот поради физички напад на луѓе од публиката врз еден од кошаркарите на домашниот тим.

Кошаркарската федерација на Македонија реагираше експресно, комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ денеска ги обелодени казните.

Чаир 2030 првите три натпревари од новата сезона во Првата лига ќе ги игра пред празни трибини, а ќе треба да плати и глоба од 48.000 денари.

ТФТ пак ќе треба да плати глоба од 30.000 денари поради лошата организација и непочитување на одлуката на КФМ за начинот на кој се организираат официјални, но и пријателски натпревари.

Казна има и за тепаниот капитен на ТФТ, Едис Нури кој ќе ги пропушти првите две средби на својот тим поради „учество во тепачка“.

Делегатот на оваа средба, Антонио Теофиловски исто така доби казна, и на два натпревари нема да може да ја врши својата должност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ