среда, 16 октомври 2024

Одбраната на Жан Митрев тврди дека обвинителката Хаџи Василева бара измислена материјална оштета

Одбраната за Жан Митрев во судскиот процес кој се води против оваа приватна клика остро реагира за да се оспорат имотно-правните побарувања од оштетените за кои одбраната тврди дека ги нема, а Обвинителството упорно прави обид за да го доведе судот во заблуда. На вчерашното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје се читаше и изјава за имотно правно побарување кое, како што велат го немало во обвинителниот акт.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со постапката јас како негова сопруга откако ми објаснивте за што се води оваа постапка изјавувам дека се чувствувам измамена и оштетена но не сакам да барам оштетно побарување“, ја прочита изјавата обвинителката Искра Хаџи Василева. За вакавата изјава одбраната тврди дека е повторен обид да го доведе судот во заблуда дека чита имотно правни побарувања, а оштетената изјавила дека не бара оштета.

На ова одбраната остро реагираше за да се оспори имотно-правното побарување, кога тоа го нема и дека Обвинителството повторно прави обид за доведување на судот во заблуда.

„На вчерашното рочиште обвинителството ги читаше изјавите за имотно правни побарувања од оштетените, од кои некои воопшто немале такви побарувања и тоа стои заведено уште самиот во обвинителен акт. Истиот оштетен обвинителството денеска го посочи во листата со оштетни побарувања во случајот против д-р Жан Митрев. И овој обид за доведување во заблуда на судот, од страна на обвинителството беше објаснет со техничка грешка. Ова не беше пречка обвинителката сепак да го стави во листата оштетени кои бараат материјална оштета за лекувањето во Клиника Жан Митрев. Се оправда дека е техничка грешка, исто како минатото рочиште кога прочита изјава од починат човек“, велат од одбраната.

Процесот е во фаза кога Обвинителството веќе заврши со излагањето на материјалните докази и сведочења на сведоците и во тек е изјаснување на оштетените дали остануваат на оштетните побарувања.

Предметот се однесува на измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист.

Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ