вторник, 15 октомври 2024

БИМИЛК сребрен партнер на ИФФК Браќа Манаки 2024: Пронајдете го вашиот Баланс на филмскиот фестивал

Како сребрен партнер на годинешниот Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, БИМИЛК ја носи својата креативна енергија преку брендот Баланс+, кој е синоним за добробит и совршен баланс во секојдневието. Преку оваа уникатна соработка, Баланс+ e дел од секој кадар на фестивалската магија, исто како што тој е дел од секој ваш ден.

Објавено на

часот

Сподели

Со мотото „Секој ден потребен“, Баланс+ се вклучува во фестивалските активности, инспирирајќи ги посетителите да го пронајдат својот баланс во брзото секојдневие.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во корнерите кои ќе ги создаде Баланс+ и да се инспирираат за подобар, поздрав живот додека ги следат најдобрите кинематографски остварувања од целиот свет.

Фестивалот „Браќа Манаки“ го слави уметничкиот дух и филмската уметност, а со Баланс+, оваа година ја славиме и здравата, балансирана исхрана – секој ден, на секоја филмска проекција.

Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за Бимилк. Партнерство со „Манаки“ уште еднаш ја потврдува стратешката определба да биде одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ