„Нешто што е со децении уништувано преку ноќ не можеме да го решиме, но како и да е приоритет по приоритет ги завршуваме проектите и во таа насока ќе продолжиме и понатаму. Важно е да не создаваме некои нови проблеми коишто во суштина би претставувале проблем за граѓаните на Велес.
Би сакал да му честитам на градоначалникот за работата којашто ја врши, прилично мотивирана, прилично фокусирана навистина инспиративна е неговата работа. Би сакал да му се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт како и на останатите колеги коишто со својата работа реализираат проекти и ги реализираат оние приоритети коишто сме се обврзале пред граѓаните дека ќе ги реализираме.
Многу сум задоволен што конечно таканаречената подземна катна гаража во центарот на градот со новиот плоштад конечно ќе почнеме ова лето да го градиме и се надевам дека во текот на следната година ќе можеме веќе да имаме функционална целина нешто што беше наш приоритет уште од времето кога бевме опозиција“, изјави Мицкоски.
Со нов цевковод ќе се поврзе хидросистемот Лисиче со езерото Младост
Ќе се обезбедат средства за поврзување на хидросистемот Лисиче со езерото Младост. Се направија напори со пренамена од Mинистерството за животна средина и мислам дека тие неколку километри цевковод коишто недостасуваат со ребалансот ќе бидат обезбедени и ќе може да се поврзат тие два системи така што и уште едно прашање ќе биде санирано, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Велес, каде што присуствуваше на почнување на реконструкцијата на патниот правец Челошево – Дорутовец, како и на пуштањето на реконструираните улици „11 Октомври“ и „Васил Главинов“.
Објавено на
часот





