среда, 6 мај 2026

Во Дебар се гласа, а патот Маврово – Дебар е затворен поради градежни работи

Објавено на

часот

Сподели

„На денот на изборите, кога и Уставот забранува каква било активност што ги спречува граѓаните да го остварат своето право на глас, актуелната власт го изолира Дебар и ги спречува граѓаните на Дебар да го остварат своето демократско право. Во недела, на денот на гласањето, од утринските часови се изведуваат работите на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и овој патен правец се држи блокиран. Ваквата состојба спречи многу жители на Дебар кои се привремено вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право“, соопшти Алијанса за Албанците.

Од партијата апелираат надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои наредиле вакво сценарио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ