среда, 6 мај 2026

Списокот на патници од запалениот автобус испратен е во Скопје, во тек е идентификацијата на жртвите

Објавено на

часот

Сподели

На местото на несреќата се земаат изјави од сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во состојба да  можат да дадат исказ.

„Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите“, рече Сарафов.

Според него, сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.

Јавниот обвинител Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа.

„Се работи за голема таргедија. Загинаа 12 деца. Заедно со колегите од Бугарија се договоривме за натамошната работа, разјаснување на поединостите во трагедијата“, рече Јовески.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гоење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс“ функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобусот бил нов, и во функција е само три години.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на територијата на Бугарија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ