среда, 6 мај 2026

Снопче: Влада со 59 пратеници се чатали и бара спас преку уцени и закани

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја држава има своја мафија, а синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава. Една влада со 59 пратеници се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници. Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности”, изјави пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче.

Како што кажа тој на прес-конференцијата, синоќа во Собранието не потфрлило новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синиќа, вели, се вклучил алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. 

„Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин.

Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, таа само се зацврсти на страната на правдата, на страната на народот кој бара промени, а излегоа на виделина вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена. Битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш”, рече Снопче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ