
„Клучно за почеток на преговорите на Република северна Македонија со ЕУ е почитување на правата на македонските Бугари, искоренување на јазикот на омразата, прекинување на систематската дебугаризација и прекинување на обидите за систематско уништување на илјадагодишното културно и историско бугарско наследство. Почетокот на преговорите нема да зависи од идната нова влада и нов парламент, туку најмногу од самата Република Северна Македонија, која треба да преземе соодветни дејствија. Убеден сум дека само со отворен дијалог меѓу Софија и Скопје, а не со лобирање во европските престолнини, ќе изградиме искрени пријателски, како што очекуваат луѓето од двете страни на границата“, изјави Радев.
Тој додаде дека за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел во Брдо, многу јасно ја кажал бугарската позиција.
„Во октомври имав средба со Макрон и Меркел и пред нив и пред сите европски лидери многу јасно ја кажав бугарската позиција“, рече Радев.






