
Одговарајќи на новинарско прашање за можно одржување на лидерска средба, Пендаровски рече дека неговиот став за да се одржи таква средба „од кој било аспект на тековната политичка криза, што започна по вториот круг на локалните избори, потребна е взаемна согласност од власта и опозицијата“.
Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, тој изјави дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието.






