Според Митева, единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.
„Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската Унија. Заев не може да ги постигне резултатите, затоа изборите се решение”, кажа Митева.
Во однос на вчерашната средба на Заев со лидерот на Африм Гаши, Митева рече дека партијата Алтернатива има две опции, „едната е да го послуша гласот на граѓаните кои на овие локални избори гласно се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ, или да тргне по трката за позиции и со тоа да се претопи во криминалното милје на Заев“.
Инаку, на прес-конференција Митева говореше за состојбите во општина Гази Баба по промената на локалната власт и нагласи дека спротивно на закон се склучувани договори на дело со лица кои не оделе на работа а примале плата.
„Од она што до сега е утврдено во општината со договор на дело во периодот од 4 јануари годинава до 21 септември се ангажирани 14 лица, а пет од нив воопшто не оделе на работа. Ова незаконско дејство е спротивно на членот 8 од Законот за трансформација во редовен работен однос во кој јасно е утврдено дека врз основа на договор на дело не може да се ангажираат повеќе од 1 процент од вкупниот број на вработени на крајот на претходната година и согласно овој Закон требало да биде ангажирано само едно лице“, рече Митева и додаде дека од овие 14 договори, 8 од нив биле склучени по распишување на локалните избори што е спротивно на член 8а од Изборниот законик.
Oвие случаи, рече порпаролката, преставуваат пример за клиентелизам и изборен поткуп.






