На аеродромите во Македонија за еден ден во јули беа регистрирани 116 полетувања и слетувања, во Србија и Црна Гора регистрирани беа 508 полетувања и слетувања за еден ден. И во Албанија беше постигнат рекорд – 322 летови, Грузија со 289 летови, Ерменија 808 летови за еден ден, а Визер и Егејан ерлајнс пријавија најголем дневен број летови во нивната историја.
Овие податоци јасно покажуваат дека воздушниот сообраќај во Европа расте од година во година, пишува Aвио портал.
Летната туристичка сезона е традиционално најпрометниот период за европската авијација, но интензитетот на сообраќајот оваа година покажува дека европската мрежа е под поголем притисок од кога било досега.





