Тој, денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, престојуваше во работна посета на општина Велес, каде што со градоначалникот Марко Колев направи увид на многубројните проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството.
„Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот што го имаме со Светската банка инвестира речиси 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме почнување со работа на две улици, а една е веќе завршена, и драго ми е што преку соработката кшто ја имаме со Светската банка веќе се завршени три проекти во вредност од половина милион евра, а тоа се улиците 8 Мај, Љубљанска и Луј Пастер, и исто така сега набргу беше завршена и зградата во која има социјални станови“, изјави Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и со пратениците, а преку координацијата што ја прави премиерот да обезбедиме уште повеќе проекти, кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните“, порача Николоски.





