вторник, 18 ноември 2025

Нов музички проект на Тони Китановски: Афро Гитано во Скопје (АУДИО)

Новиот музички проект на Тони Китановски е насловен Афро Гитано, а наредната недела ќе биде премиерно промовиран, в сабота, 8 ноември, во Јавна соба.

Објавено на

часот

Сподели

Соработници на албумот што ќе ја делат сцената со Китановски се легендарниот африкански перкусионист, гитарист и вокалист Баба Сисоко (Baba Sissoko), и нашиот елитен хип-хопер Гоце Трпков (DJ Goce).

Ден пред настапот во Скопје официјално излегува нивниот прв албум на винил и во дигитална форма за британската куќа Вилиџ лајв рекордс (Village Live Records), а вечерта триото ќе настапи во клубот Соул СКГ (Soul SKG) во Солун.

Ограничен број билети за ова несекојдневно доживување во претпродажба се достапни на Другастрана.мк и на влезот пред самиот концерт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ