петок, 7 ноември 2025

„Ебиспо Ивошкин нашиот херој кај Америте“ – нов роман на Божин Павловски

Божин Павловски, освојувачот на наградата 23 Октомври, овој  месец одбележува 65 години од своето дебитирање во книжевноста. На полни 18 години, есента 1960 година, тогаш популарниот „Млад Борец“ го објави неговиот расказ „Чекан“.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на 2026 Павловски се надева да го заврши и објави својот 25-ти роман „Ебиспо Ивошкин, нашиот херој кај Америте“.

Божин Павловски е автор на 24 романи кои освоиле шест меѓународни признанија, вклучувајќи ја престижната Интербалканска награда за книжевност во Грција, како и бројни национални награди, вклучувајќи ја наградата 11 Октомври за животно дело во уметноста. Од 1965 година до своето заминување во јужната хемисфера во 1988 година, Павловски ја раководеше легендарната „Мисла“ за што беше одликуван со највисокиот Орден заслуги за народ на заедничката држава. Полни 35 години академик Павловски стоеше на чело на македонските неделни весници што излегуваат на слободен пазар во Австралија.

Божин Павловски е автор на сценариото за филмот „Австралија, Австралија“ во режија на Столе Попов кој ги освои сите Гран при награди на Меѓународниот фестивал во Белград 1976 година.

Романите на овој наш автор доживеале повеќе од 100 изданија на други јазици и повеќе од 200 изданија на македонски јазик.

Годинава само што излегоа од печат неговите „Записи од надземјето“ во 3 тома. Академик Божин Павловски е познат и како посветен и прецизен хроничар на нашето време. Многу негови текстови се објавени во МКД.мк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ