четврток, 4 јули 2024

Кичевската полиција фати битолчанец кој бегал за да не оди во затвор

Вчера попладне полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот Ослободување привеле 37 годишен битолчанец по кого била распишана потерница.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Потерницата била распишана од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела тешки кражби.

„Н.Н. бил спроведен во прилепскиот затвор за издржување на казната“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ