22 годишниот Џејкоб Фирнли, кој за прв пат учествува на Вимблдон, ќе може да се пофали дека му пружил силен отпор на Новак Ѓоковиќ и освоил сет против српскиот ас.
Популарниот Ноле сигурно го отвори натпреварот и рутински ги освои првите два сета, но следуваше неочекуван пад.
Младиот Британец ги искористи грешките на големиот шампион, па го освои третиот сет со 7-5.
Сепак, Новак Ѓоковиќ во следниот сет му се реваншираше со истиот резултат и обезбеди пласман во третото коло, каде ќе игра против Андриј Попирин.