четврток, 25 јули 2024

Конституиран Kомитетот за управување со кризи

Во просториите на Центарот за управување со кризи денеска се одржа конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи на којашто присуствуваа членовите, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за здравство Арбен Таравари, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов. На седницата присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во соопштението од средбата, директорот на ЦУК и раководител на групата за процена Стојанче Ангелов ги запозна присутните со прогласената, популарано именувана како мигрантска кризна состојба на јужната и северната граница, како и кризната состојба во затворот во Идризово. Воедно, Ангелов, даде детална информација за бројот на пожари на отворен простор, штетите од пожарите, начинот на функционирање на системот за гаснење на пожарите, како и за ресурсите што се на располагање за гаснење пожари на отворено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ