Речиси една недела по катастрофалниот настап за време на неговата дебата со Доналд Трамп, Бајден призна дека доживеал „неуспех“.
Тој ова го призна во интервју за локална радиостаница во Висконсин, чија цела содржина ќе биде емитувана денеска.
Синоќа бил одржан состанок со целиот персонал во Белата куќа во обид да се стивне „бучавата“ по ТВ-дебатата.
Претседателот синоќа беше домаќин и на голем број демократски гувернери во Белата куќа, а некои виртуелно се приклучија на состанокот.
Гувернерите ќе го „поддржат“ Бајден, уверувале двајца од нив, Вес Мур (Мериленд) и Тим Волц (Минесота), по средбата со американскиот претседател.
Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, на мрежата Икс го изрази своето верување дека Бајден е во трката за да победи.