понеделник, 8 јули 2024

Борел: Орбан нема да ја претставува позицијата на ЕУ во Москва

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва ќе се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија го наследи ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија од Белгија на 1 јули.

Орбан ниту ги потврди ниту ги демантираше медиумските написи дека денеска треба да отпатува за Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ова не подразбира никакво надворешно претставување на ЕУ, за што е одговорен претседателот на Европскиот совет на ниво на шеф на држава или влада и Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност на министерско ниво. Орбан не доби никаков мандат од Советот на ЕУ да ја посети Москва“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЦ).

Борел наведува дека ставот на ЕУ „за руската агресивна војна против Украина“ се одразува во многу заклучоци на Европскиот совет и дека тоа ги исклучува официјалните контакти на ЕУ со Путин.

„Унгарскиот премиер на ниту еден начин така не ја претставува ЕУ. Покрај тоа, вреди да се потсетиме дека претседателот Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и дека е издаден налог за апсење за неговата улога во присилната депортација на деца од Украина во Русија“, се вели во соопштението на ЕЕАЦ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ