недела, 21 јули 2024

Мартин падна и му подари победа на Бањаја и првото место во генералниот пласман

Пеко Бањаја е нов лидер во генералниот поредок во Мото ГП откако попладнево на подарок доби победа во „Захсенринг“, Хорхе Мартин падна на два круга пред крајот и тоа додека беше во водство.

Објавено на

часот

Сподели

Хорхе Мартин синоќа триумфираше на спринт трката на Германија, но денеска имаше болен пех. Шпанецот беше на добар пат да го крунисиа одличниот викенд со победа и во неделната трка, но му се случи најлошото сценарио.

На два круга пред крајот, додека беше во водствот, загуби контрла над моторот во свиокот број 1 и му подари победа на Пеко Бањаја.

Ваквиот расплет донесе и промена во генералниот поредок во Мото ГП, сега Пеко Бањаја е нов лидер со +10 во однос на Хорхе Мартин.

Трката во „Захсенринг“ донесе радост и за семејството Маркез, Марк Маркез финишираше како втор, а неговиот брат Алекс Маркез се искачи на последното место на пиедесталот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ