вторник, 23 јули 2024

Орбан, во ненадејна посета на Кина, разговараше со Си за војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска беше во ненадејна посета на Пекинг, каде се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Орбан, по сличните ненадејни посети на Русија и Украина, на социјалната мрежа Икс објави фотографија од аеродромот во Пекинг и напиша „Мировна мисија 3.0“.

Тој беше пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг и други официјални претставници.

Орбан потоа се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Покрај Русија и Украина, крајот на војната „зависи и од одлуката на трите светски сили, САД, Европската Унија и Кина“, напиша Орбан во објавата на Фејсбук на која се гледа како се ракува со Си.

Унгарскиот премиер минатата недела беше во ненајавена посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараше и за ситуацијата во Украина.

Пред тоа, тој го посети Киев и разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кому му предложи да размисли за договор за итен прекин на огнот со Русија.

По повод посетата на Орбан на Москва, претставници на ЕУ соопштија дека тој нема мандат да ја претставува ЕУ во разговорите со Русија.

Унгарија на 1 јули од Белгија го презеде шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ