понеделник, 22 јули 2024

Избори во Франција: Објавени се последните прогнози за изборните резултати

Во Франција денеска се одржа вториот круг од вонредните парламентарни избори. Избирачките места беа затворени во 20 часот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Француската левичарска коалиција Нов народен фронт освојува најмногу места во вториот круг од парламентарните избори и би можела да оствари неочекувана победа над екстремно десничарскиот Национален собир, соопштија водечките агенции за истражување на јавното мислење.

Според проценките, се предвидува дека левичарската коалиција Нов народен фронт ќе заземе меѓу 182 и 193 места.

Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон е втора со 157 и 163 пратенички места.

Се предвидува дека екстремно десничарската партија Национален собир ќе заврши на третото место со меѓу 136 и 144 места.

За апсолутно мнозинство во Националното собрание, долниот дом на францускиот парламент, потребно е да се освојат 289 пратенички места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ